Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала попладнево беше почуствувам во Босна и Херцеговина.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар земјотрес се случил во близина на подрачјето на Ливно во 17:31 часот, на длабочина од 10 километри.
Жителите на Ливно и околните населби, пријавиле дека го почуствувале земјотресот, како и оние во Далмација, Хрватска. Тие раскажуваат дека земјотресот бил силен и дека во последните две секунди почуствувале голем удар, кој траел околу 5 до 8 секунди и бил пропратен со силно нишање.
Се уште нема информации за можни штети од земјотресот. Пред една недела и во Македонија беше регистриран земјотес со иста јачина, со епицентар на косовска територија на границата со македонската граница.
T.Д.
