Балкан Вести Свет Топ вести

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала попладнево ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала попладнево беше почуствувам во Босна и Херцеговина.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар земјотрес се случил во близина на подрачјето на Ливно во  17:31 часот, на длабочина од 10 километри.

Жителите на Ливно и околните населби,  пријавиле дека го почуствувале земјотресот, како и оние во Далмација, Хрватска. Тие раскажуваат дека земјотресот бил силен и дека во последните две секунди почуствувале голем удар, кој траел околу 5 до 8 секунди и бил пропратен со силно нишање.

Се уште нема информации за можни штети од земјотресот. Пред една недела и во Македонија беше регистриран земјотес со иста јачина, со епицентар на косовска територија на границата со македонската граница.

T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Живот без вода за пиење на +40, гостиварци бараат санкции за сите одговорни

Sonja Petrusevska

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе