Обвинителите, судиите и адвокатите од Нови Сад ќе протестираат претпладнево пред судот во Нови Сад поради усвојувањето на пакет судски закони предложени од пратеникот на владејачката Српската напредна странка, Угљеша Мрдиќ.
Пакетот судски закони предложени од Мрдиќ беше усвоен од страна на српскиот Парламент на 28 јануари, а објавени во Службен весник откако претседателот на Србија ги потпиша на 30 јануари, и покрај предупредувањата од Европската унија тие да бидат ревидирани и усогласени со европските стандарди.
На прекин на работата повикаа и дел белградски судии и адвокати.
Во четвртокот, Судскиот синдикат ги повика судиите и обвинителите веднаш да ја прекинат работата бидејќи тоа е легитимна, уставно заснована и законска форма на одбрана на независноста на судството и владеењето на правото.
Официјален Брисел го оцени усвојувањето на пакетот судски закони во српскиот парламент како „сериозен застој“ во процесот на европска интеграција.
