Запленети се пет тони марихуна која е поврзана со Небојша Спасојевиќ кој е советник владејачката Српска напредна странка. Вчера српската полиција ја запленила марихуаната во селото, а уапсила и три лица меѓу кои и Спасојевиќ.
Според медиумот „Нова РС“, Раде Спасојевиќ освен што е советник на владејачката партија,тој е ѝ сопственик на компанијата „Флораком ДОО“, која се занимава со одгледување на материјал за садење и производство и откуп на кисели краставички.
Дрогата, која била пронајдена во магацинот на компанијата, претставува најголема полициска заплена во српската историја. Според Јавното обвинителство за организиран криминал, споменатата криминална група ја складирала наркотичната дрога марихуана во просториите на компанијата „Флораком ДОО“, од кадешто понатаму ја дистрибуирала на територијата на градот Белград со цел нејзина продажба.
„Се проценува дека вредноста на уличниот пазар е околу 50 милиони евра“, се наведува во соопштението на обвинителството.
Покрај наркотични дроги, во неговата компанија биле пронајдени четири автоматски пушки и еден пиштол, како и пари во износ од над 1.500.000 динари. Опозицискиот политичар Мирослав Алексиќ изјави дека, покрај тоа што е советник Спасојевиќ е советник на СНС, тој наводно е ѝ близок соработник на министерката за одбрана Братислава Гашиќ.
Т.Д.
