Вести Свет Топ вести

Седум загинати луѓе во снежна бура во Америка – прогласена вонредна состојба во половина сојузни држави

Во снежна бура што ги зафати САД загина најмалку седум луѓе, 800.000 домаќинства останаа без струја и над 11.000 летови се откажани.

Најмалку две лица починале од хипотермија во Луизијана, соопшти државното министерство за здравство. Смртни случаи поврзани со бурата се пријавени и во Тексас, во Тенеси и во Канзас.

Во Канзас, тело на една жена било пронајдено во снег, а властите наведуваат дека „веројатно подлегнала на хипотермија“. Речиси половина од американските сојузни држави прогласија вонредна состојба.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хокул ги повика граѓаните да останат дома и да избегнуваат патувања, предупредувајќи дека станува збор за „најстудената зимска бура во последните години“.

Експертите објаснуваат дека причина за екстремното време е поларниот вртлог од силни ветрови над арктикот кој, кога ќе ослабне, дозволува студениот воздух да се спушти кон југ. Температурите во Тексас, во Луизијана и во Тенеси се и до 20 степени целзиусови под сезонскиот просек, невообичаена појава за овие региони.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе