Разговорите со американскиот претседател, Доналд Трамп, беа многу значајни и документите за завршување на војната во Украина се речиси подготвени, изјави шефот на украинската држава, Володимир Зеленски, на самитот во Давос.
Зеленски оцени дека на Украина и се неопходни многу силните САД за да постигнат мир, додавајќи дека и Европа може да го има истото влијание, но за тоа е потребно време.
„Мислам дека сме во последните километри од патот кон мирот, што е најтешкиот дел од патот“ – додаде Зеленски.
Тој посочи дека неговата држава работи со искреност и решителност , но и дека Русија мора да покаже подготвеност да ја заврши агресијата.
„Сите мора да бидат спремни за компромиси, не само Украина“ – изјави Зеленски.
Украинскиот претседател потврди дека преговарачите на САД денеска ќе заминат во Москва , по што во Обединетите арапски емирати ќе се одржат трилатерални разговори.
- Да бидам искрен, документот е готов. Имаме прашања во врска со економскиот пакет, но мислам дека 90% ќе биде готов. Значи, денес имаме состаноци како што реков за време на форумот, а сега американскиот тим ќе има состанок во Москва. Потоа утре и задутре во Емиратите, ќе има трилатерален состанок: Украина, Америка и Русија, нашите преговарачки тимови,“ рече Зеленски.
