Вести Свет

Зеленски: Состанокот со Трамп беше многу значаен

Разговорите со американскиот претседател, Доналд Трамп, беа многу значајни и документите за завршување на војната во Украина се речиси подготвени, изјави шефот на украинската држава, Володимир Зеленски, на самитот во Давос.

Зеленски оцени дека на Украина и се неопходни многу силните САД за да постигнат мир, додавајќи дека и Европа може да го има истото влијание, но за тоа е потребно време.

„Мислам дека сме во последните километри од патот кон мирот, што е најтешкиот дел од патот“ – додаде Зеленски.

Тој посочи дека неговата држава работи со искреност и решителност , но и дека Русија мора да покаже подготвеност да ја заврши агресијата.

„Сите мора да бидат спремни за компромиси, не само Украина“ – изјави Зеленски.

Украинскиот претседател потврди дека преговарачите на САД денеска ќе заминат во Москва , по што во Обединетите арапски емирати ќе се одржат трилатерални разговори.

  • Да бидам искрен, документот е готов. Имаме прашања во врска со економскиот пакет, но мислам дека 90% ќе биде готов. Значи, денес имаме состаноци како што реков за време на форумот, а сега американскиот тим ќе има состанок во Москва. Потоа утре и задутре во Емиратите, ќе има трилатерален состанок: Украина, Америка и Русија, нашите преговарачки тимови,“ рече Зеленски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе