Вести Македонија Топ вести

Ратраци на див оператор тргнаа да газат ренџери – инцидент на Попова Шапка, операторот негира

Див оператор утрово организирал нелегална тура со ратраци за скијачи на падините на Шар Планина, а кога ренџерите од Националниот парк (НП) се појавиле и му наредиле да ги изгаси возилата, неговите возачи тргнале кон нив да ги прегазат. Инцидентот е снимен и објавен на страната на НП на социјалната мрежа Фејсбук и пријавен во тетовската полиција.

Драмата се случила утрово на Попова Шапка кај еден од хотелите кој соработува со операторот „Ескимо фрирајд“. Ратраците биле подготвени да носат 10-тина скијачи од странство во внатрешноста на Шар Планина кога дошле ренџерите.

„Имавме инцидент на една од локациите. Тоа е пред хотелот „Бора“. На имот на државна сопственост каде што пет ратрак возила прилагодени за транспорт на туристи беа подготвени да тргнат. Пред секој ратрак застанаа по двајца вработени во чуварската служба и директорот на институцијата. Да животот, за жал, беше загрозен, бидејќи со машините тргнаа кон вработените и директорот“, раскажува Анела Ставревска-Панајотова, раководителка на Одделението за заштита на природата.

Сопственикот на ратраците, односно операторот е државјанин на Република Хрватска и управител е на туристичка агенција, со кого управата на Националниот парк се обидела да потпише договор, но тој упорно одбивал. Управата на Националниот парк го стави во институционални рамки слободното скијање со ратраци како дејност.

„Месеци наназад имавме обиди со операторот да се спогодиме и да ги прифати условите, а тоа е да има одредена снежна покривка, одреден број на машини да оперираат, да имаат соодветна документација и да се регулирани законски и да ги прифатат условите за пенали, доколку направат штета на природата. Ништо од тоа не прифатија. Не доставија ни ГПС локатори за да видиме каде возилата се движат. Ние се обидуваме да регулираме бизнис, кој досега во државата никој не се прашал дали се платени даноци, каде се сметуваат тие лица, кои се безбедносните процедури, дали ние како државата имаме можност безбедно да носиме странски туристи“, додава Ставревска-Панајотова.

Националниот парк „Шар Планина“ има активен договор со еден оператор чии ратраци се регистрирани и со технички преглед, вградени се ГПС локатори и има лиценцирани возачи на машините. Покрај тоа, компанијата обезбедува осигурување за скијачите во случај на незгода покрај нивното приватно осигурување, а се скија по однапред подготвени и одобрени рути.

Минатата година, Националниот парк јасно ги обележи рутите по кои ратраците може да се движат за да носат скијачи за слободно скијање. Тие се надвор од строго заштитени зони и со цел е да се зачува природата на Шар Планина.

Огнен Чанчаревиќ

Операторот кој раководеше со ратраците, за кои претходно од Националниот парк Шар Планина соопшти дека се нелегални, се огласи по повод инцидентот. Велат дека „објавата не ја отсликува реалната состојба на терен и содржи неточни и тенденциозни тврдења“.

  • Не е точно дека полицијата интервенирала поради загрозување на безбедноста од страна на операторот. Напротив, полицијата беше повикана по дојава на самиот оператор, поради незаконско и присилно постапување на терен, по што ренџерите беа отстранети од местото на настанот, а не обратно. Со ваквото известување и извртување на фактите се создава лажна слика во јавноста, се нарушува угледот на компанијата и намерно се пласира наратив за наводна опасност која воопшто не постоела, вели операторот.

Во конкретниот случај не постоела никаква закана по животот или безбедноста на било кое лице, туку се работело за незаконско и присилно запирање на македонски оператор за екстремно скијање со помош на ратраци, дејност која со години придонесува за развој на туризмот на Шар Планина и носи повеќе од 1.500 туристи годишно од целиот свет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со проекција на „Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду вечерва во Дојран се отвора фестивалот „Преку езерото“

Дејан Дејан

(Фото) Неексплодирана граната тешка 45 килограми пронајдена кај Неготино

Kristina Kuzmanovski

Малолетен пешак тешко повреден во сообраќајка кај Ласкарци, пренесен на Клички

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе