Балкан Вести

Земјоделските блокади во Грција ја погодуваат производствената индустрија

Регионалната Федерација на индустрии на Грција предупреди дека долгите протести на земјоделците и блокадите на автопатите и граничните премини веќе сериозно ја погодуваат производствената индустрија.

Тие во соопштение наведуваат дека протестите создаваат „огромен притисок“ врз индустриските и преработувачките компании низ целата држава, додавајќи дека конкурентноста и одржливоста на бизнисите се директно загрозени.

Според федерацијата, блокадите предизвикале сериозни проблеми во снабдувањето со суровини, транспортот и извозот на стоки, како и значително зголемување на транспортните трошоци, особено за компаниите надвор од Атина.

Ги повика и земјоделците и владата итно да најдат решение за прекин на кризата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе