Лице од Богданци е осомничено дека при вршење семејно насилство во својот дом на 11 јануари на свиреп начин ја убило својата мајка.
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Според информациите во станот во Богданци каде што живееле под закуп, мајката и синот започнале расправија околу лекувањето на осомничениот.
Во еден момент тој зел нож од кујната со кој и нанел повеќе убоди во главата и вратот. Бидејќи ножот се скршил, зел ножици и со нив продолжил да и задава убоди, па откако и тие се свиткале од кујната зел друг нож за сечење зеленчук со шилест дел со кој ја прободел во вратот.
Од бројните убоди жената искрварела и починала. Јавниот обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.
