Вести Македонија Најважни

„Стоп за Усје“ најавува блокада со пораката „воздухот во Скопје нема да се исчисти сам“

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ објави дека на 25-ти декември во 18 часот пред Цеменентарата „Усје“ најавуваат блокада и ги повикуваат граѓаните на протестен собир со порака дека „воздухот во Скопје нема да се исчисти сам“. Според податоците на меѓународната платформа Climate TRACE, Цементара „Усје“ е идентификувана како еден од најголемите извори на PM2.5 загадување, рангирана меѓу првите 10 отсто емитери на глобално ниво.

Како што наведуваат од иницијативата, податоците на апликацијата со вештачка интелигенција Climate TRACE, базирани на сателитско следење и моделирање на индустриските емисии, покажуваат јасни облаци од PM2.5 честички кои се движат директно кон Скопје, што, според нив, укажува на значително влијание врз квалитетот на воздухот во градот.

Од „Стоп за Усје“ нагласуваат дека во македонската регулатива сè уште не е утврден дневен лимит за PM2.5 честичките, иако тие се значително поопасни по здравјето од PM10. За PM10 честичките, согласно правилникот на Министерството за животна средина, дозволено е надминување на граничните вредности најмногу 35 дена во текот на една година.

Дополнително, според методологијата на Светската здравствена организација (СЗО), доколку PM10 или PM2.5 ја надминат дневната дозволена вредност повеќе од три до четири дена годишно, воздухот се смета за потенцијално штетен за здравјето на луѓето — состојба која, како што велат од иницијативата, во Скопје се јавува многу почесто.

Скопје веќе неколку денови се наоѓа во топ 10 градови во светот според загаденоста на воздухот.


Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе