Со помош на вештачката интелигенција луѓето може да дознаат прецизно каков е квалитетот на воздухот, а доколку е загаден да ги дознаат и причините. Коалицијата „Климат Трејс“ со сателити кои работат со вештачка интелигенција, филтрираат информации од каде доаѓа загадувањето, како се движи и какви метали и штетни честички содржи во него.
Ал Гор, кој ја води Коалицијата „Климат Трејс“ објаснува дека се користат 300 сателити кои го анализираат квалитетот на воздухот во 2500 градови ширум светот. Според него, со воведувањето на вештачката интелигенција, полесно ќе се утврдуваат и дополнителни извори на загадување, но и какви штетни гасови и честички испуштаат.
„Ова е вид на вештачка интелигенција што спојува повеќекратни текови на податоци што ги собираме од 300 сателити постојано и 30.000 сензори за проверка на поставени сензори на копно, вода и воздух за да ги користиме со алгоритми за машинско учење за да добиеме многу точни, многу прецизни податоци, и за загадувањето од глобалното затоплување и за загадувањето од честички“, вели Ал Гор, поранешен член на Климатско следење на емисии.
Стапките на смртност од белодробни заболувања секоја година расте, во просек годишно над 3 милиони луѓе го губат својот живот, а како една од најчести причини е изложеноста на загаден воздух.
„Ова е нова можност што податоците за климатско следење на емисии им ја прават многу подостапна на луѓето. Добиваме огромен интерес од корпорациите што го прават ова. Исто така и од некои национални влади, а да не ги спомнуваме невладините организации и граѓанското општество кои ги користат овие податоци“, изјави Ал Гор, Коалиција „Климат Трејс“.
Она што ја прави оваа алатка уникатна е можноста за следење на повеќе од 150 илјади поединечни извори на загадување. Па така може да се набљудуваат електрани, фабрики и рудници како потенцијални загадувачи.
Платформата има своја интерактивна мапа. Со неколку клика може да се избере држава, регион или индустрија, а податоците се прикажуваат визуелно и споредбено.
Иако мапата овозможува брз увид за состојбата со воздухот, податоците се пресметуваат со собирање на сите мерења во текот на годината. Според прикажаното, државата со највисоки нивоа на загадување во моментов е Кина, која води пред сите други земји во светот, по вкупни емисии на стакленички гасови, а по неа е Јужна Кореја, па Њујорк.
Теа Димковска
