Балкан Вести

Албанската опозиција стартува со редовни протести во Тирана

Албанската опозиција од денеска ќе започне со редовни протести пред Владата во Тирана, најавувајќи дека демонстрациите ќе продолжат „сѐ до уривање на наркорежимот“.

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, изјави дека протестите засега ќе се одржуваат секој понеделник.

Бериша порача дека масовните и одржливи протести се единствениот начин да се спротивстават на актуелната власт, која, според него, ја претворила Албанија во „диктатура заснована на дрога, криминал и корупција“.

Тој ја обвини Владата и за, како што рече, „изборната фарса“ на парламентарните избори од 11 мај, повикувајќи се на наоди од извештајот на ОБСЕ/ОДИХР.

Протестите ќе се одржуваат под мотото „Протестирам, за семејството, за економијата, за демократијата“, а Бериша ги повика граѓаните да се приклучат во, како што ја нарече, „историска мисија“ за враќање на слободниот глас.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ранѓеловиќ: Перцепцијата за „предавство“ на претходната власт сè уште ѝ носи предност на Владата

Tea Dimkovska

Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации

Tea Dimkovska

Ричард Гир: Мигрантите не се „штетници“, туку луѓе кои бегаат од страдање

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе