Оставка утрово си поднесе Мирослав Бакаловиќ, директорот на домот во кој изби смртоносниот пожар каде загинаа 11 лица.
Голем број повредени се пренесени во Универзитетскиот клинички центар Тузла, каде им се укажува итна медицинска помош. Тројцата полицајци и петмина пожарникари се задржани на лекување и се надвор од животна опасност.
Според последните информации, 30 лица се хоспитализирани, а четворица штитеници на Домот се на механичка вентилација. Меѓу хоспитализираните се и петмина пожарникари и тројца полицајци.
Локацијата каде што избувнал пожарот сè уште е под полициско обезбедување, а пристапот до објектот е забранет. На терен се наоѓаат возила на итна помош и полиција.
Т.Д.
