Велосипедистот кој беше прегазен денеска во Скопје и го загуби животот од здобиените повреди е поранешниот директор на ОХИС, Јорго Ќука.
Ќука беше повреден и го загуби животот во сообраќајната несреќа која попладнево се случи на булеварот „Илинден“ во главниот град на државата.
In Memoriam: Јорго Ќука (1947 – 2025)
Претходно, МВР соопшти дека 78-годишен велосипедист бил прегазен од автомобил.
Лицето кое ја предизвикало смртоносната несреќа побегнало од местото на трагичниот настан, но подоцна било приведено од полицијата.
Приведен возачот кој усмрти велосипедист во Скопје и го напушти местото на несреќата
