Останато Спорт

Трајковски освои медал за Македонија во конкуренција на олимпискиот првак Тентоглу

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски освои бронзен медал во скок во далечина на Балканијадата за сениори што се одржува во Волос, Грција. 

Нашиот репрезентативец уште еднаш ја потврди својата врвна форма, бидејќи синоќа се натпреваруваше во исклучително силна конкуренција. Трајковски го освои третото место со скок од 7 метри и 77 сантиметри остварен во последната серија.

Златниот медал му припадна на најголемиот фаворит Милтиадис Тентоглу од Грција, актуелен олимпсики, светски и европски првак, со скок од 8 метри и 7 сантиметри, додека сребрениот медал го освои Божидар Сарабујуков од Бугарија, актуелен европски првак во сала, со скок од 7 метри и 90 сантиметри.

“Многу сум среќен што денес освоив бронзен медал за Македонија. Условите со ветерот беа навистина тешки за сите скокачи, па затоа сум навистина задоволен со скокот од 7,77 метри против Тентоглу. Со подобри услови, денес беше можно и 8 метри“, изјави Андреас.

Оваа година трајковски беше финалист на Европското првенство во сала во Апелдорн, Холандија и во скок во далечина и го освои 8 место, а пред еден месец го освои првото место на Европското екипно првенство трета дивизија што се одржа во Марибор, Словенија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе