Останато Спорт

Карлсон пред Венг и Јохауг за златото на 50 километри

Фрида Карлсон од Шведска го освои златниот медал на првата историска трка на 50 километри масовен старт на Светското првенство во нордиско скијање што денеска заврши во Трондхајм, Норвешка.

Карлсон до победата дојде откако се одвои во последниот километар од трката и славеше со време од 2 часа, 24 минути, 55 секунди и 3 десетинки. За 25-годишната Швеѓанка ова беше прво индивидуално злато на Светските првенства, откако претходно славеше на штафетните трки во 2019 година и оваа недела. Второто и третото место денеска им припаднаа на Норвежанките Хајди Венг и Тересе Јохауг, кои задоцнија 2,1 и 2,9 секунди.

Еба Андерсон од Шведска, која конкурираше за своето четврто злато на шампионатот направи грешка и падна пред последниот километар откако се судри со сонародничката Карлсон и на крајот мораше да се задоволи со 4.место.

Норвешка очекувано и убедливо заврши на првото место на табелата на медали со вкупно 33 одличја од кои 14 златни, 11 сребрени и 8 бронзени. Втора е Шведска со 12 медали, седум златни, едно сребро и четири бронзи, додека Словенија е трета со четири злата и едно сребро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: ТФТ го совлада Работнички и поведе со 2:0

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Фудбалерките на Љуботен триумфираа во Купот на Македонија

Дејан Дејан

Одбојкарите во полн состав утре ги почнуваат подготовките за Златната лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе