Вести Свет Топ вести

Трамп: Зеленски не е подготвен за мир се додека Америка е вклучена

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, кратко по средбата, американскиот претседател Доналд Трамп обвини дека Зеленски не е подготвен за мир, и му порача дека може да се врати во Вашингтон само откако ќе биде подготвен за мир.

„Многу можете да научите од разговор кој се одвива во жестока и тензична атмосфера“, напиша американскиот претседател.

Неверојатно е што се можете да дознаете преку емоциите, а јас заклучив дека претседастелот Зеленски нема да биде подготвен за мир се додека Америка остане вклучена, бидејќи чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите. Јас не сакам предност, сакам мир. Покажа непочитување кон САД во Овалната соба. Може да се врати кога ќе биде подготвен за мир, напиша Трамп.

Кратко по објавувањето на ова соопштение од Трамп, Зеленски ја напушти Белата куќа. Планираната прес конференција на двајцата претседатели беше откажана.

 

Трамп го испратил Рубио да им каже на Зеленски и украинскта делегација да си одат од Белата куќа

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Златко Перински е нов директор на Фондот за здравствено осигурување

Sonja Petrusevska

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

Sonja Petrusevska

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако Италија протера руски аташеа под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе