Балкан Вести Свет Топ вести

Масовни протести во Грција, судири со полицијата во Атина – две години од железничката несреќа во која поради пропусти на надлежните загинаа 57 луѓе

Масовни протести во Атина во очи на одбележувањето на двегодишнината од трагичната железничка сообраќајна несреќа кај Темпи во која директно се судрија два воза, при што загинаа 57 лица. Беа закажани и се одржаа 345 протести, од кои 243 се на различни локации за да се блокира патниот, бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, како и затворање на дел од рестораните, таверните, кафулињата.

Во Атина, но и во Солун имаше големи собири, но и насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантите користеа и молотови коктели. Гневот на граѓаните поради криење на причините за несреќата во која загинаа и настрадаа главно млади луѓе и тинејџери се истури на улиците на грчките градови.

Полицијата користеше солзавец и шок бомби во обид да ги растури демонстрациите.

Генералниот штрајк е организиран од страна на најголемите грчки синдикати на вработените во државниот и приватниот сектор. Во Атина собирот почна во 11 часот по локално време, а преземени се зголемени безбедносни мерки и ангажирани над 5.000 полициски службеници.

Грчката Национална управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот, најави дека ќе го презентира извештајот од истрагата пред утрешните протести.

Следната седмица во Парламентот предвидено е да се одржи расправа за формирање предистражна комисија за несреќата, а премиерот Мицотакис посочи дека секој ќе може да ги претстави своите ставови и предлози а, ќе може да достави и предлог за гласање недоверба на Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе