Останато Спорт

Гут-Бехрами по петти пат славеше во супер велеслалом во Гармиш (ВИДЕО)

Лара Гут Бехрами е кралица на супер велеслаломот во Гармиш-Партенкирхен, бидејќи денеска стигна до петтата победа во оваа дисциплина во германскиот ски-центар, но прва сезонава. 

Скијачката од Швајцарија денеска триумфираше со време од 1 минута, 14 секунди и 91 стотинка. Зад неа финишираа Касја Викоф Лие од Норвешка со 35 стотинки послабо време, а Федерика Брињоне од Италија имаше 38 стотинки заостанување.

Гут-Бехрами води во супер велеслалом со 385 бодови, пред Брињоне, која има 310 и Софија Гоџа со 246 бодови. Во генералниот поредок Брињоне е прва со 799 бодови, додека Гут-Бехрами има 70 бодови помалку.

Следната трка е во Куршевел и ќе се вози слалом, по што ќе следува пауза пред почетокот на Светското првенство во Залбах, Австрија на 4.февруари. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе