Вести Македонија Најважни

Премиерот Христијан Мицкоски бара од обвинителството да го повика на распит Али Ахмети

Јавното обвинителство да го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети на распит, откако тој изјави дека поранешниот вицепремиер Артан Груби осомничен во случајот „Државна лотарија“ се наоѓа на албанска територија, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Груби е недостапен за органите на прогон откако се обелодени случајот против него, а земјата ја напушти на границата со Косово на 15 декември.

„Се надевам дека ова допира до Обвинителството. Има правна процедура, ако има личност што знае каде е бегалец од законот ќе го повика за да даде одговор каде се наоѓа бегалецот од правдата“, рече Мицкоски.

Од обвинителството соопштија дека за Груби веќе има меѓународна потерница и дека органите надлежни за негово пронаоѓање се должни да ги повикаат сите што имаат информациите за него.

„Јавното обвинителство издаде наредби за распишување национална и меѓународна потерница за осомниченото лице. Домашните и меѓународните органи задолжени со извршување на тие наредби ги имаат сите овластувања да ги преземат сите неопходни дејствија за трагање по лицето, вклучително и да повикуваат и да вршат разговори со други лица кои би можеле да имаат некои сознанија за локацијата на која се наоѓа осомничениот“, одговори Обвинителството.

Ахмети изјави дека Груби не избегал, туку ќе одговара пред органите на правдата, но во договор правдата да не се злоупотребува за политички цели. Мицкоски пак упати критика до Ахмети дека додека биле на власт поставувале неподобни кадри во правосудството.

„На секој во Македонија му е јасно како се поставуваа обвинителите и судиите во изминативе 7 години. Истите тие не можеа ниту да бидат квалификувани во Академијата за судии и обвинители, и сега истите тие кои ги поставуваа, велат дека некому правдата му била оневозможена и дека ова е политички прогон“,  рече премиерот Мицкоски.

Мицкоски притоа додаде дека Груби е на црната листа на САД и се поврзува со големи коруптивни скандали и дали во тој случај би го обвиниле и Стејт департментот дека прави политички прогон против него, а притоа најлесен начин да докаже дека е невин е да се соочи со правдата.

Марија Митева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе