Вести Македонија Најважни

Има оптимизам за почеток на преговорите со ЕУ во 2025 година – вели министерот за здравство и еден од лидерите на Вреди, Таравари

Министерот за здравство и еден од лидерите на Вреди, Арбен Таравари со оптимизам ја дочекува новата година и смета дека во 2025, Македонија ќе ги започне преговорите со Европската унија.

Претходно, од опозициската ДУИ ги прозваа опонентите од Вреди за пропаднатото предизборно ветување за усвојување на уставните измени во првите шест месеци од новата Влада.

А, владиниот коалициски партнер тврди дека Владата има јасен план, се води по стратегија и презема акциски чекори – и сето тоа во името на европската агенда.

Министерот Таравари застана зад изјавите на премиерот – прво гаранции дека нема нови услови и опасност од нови блокади, а потоа усвојување на уставните измени.

Да не нѝ се случи како во 2018 година. Четири или пет министри се сликаа во авион дека ги започнуваме преговорите и потоа повторно почнаа компликации. Јас сум оптимист иако многу подобро ќе беше пред Нова година да започнеме. Целата владина гарнитура е проевропски ориентирана. Можеби има поединци во таа Влада коишто размислуваат поинаку, кажа Арбен Таравари, министер за здравство.

Вчера и собранискиот спикер Африм Гаши не ја изостави оваа тема на последниот брифинг за годинава. За уставните измени мора претпазливо да се влечат чекорите.

Правиме максимални напори како парламентарно мнозинство да ги донесеме уставните измени кога ќе биде најдобро за нашата држава, кога ќе има политички договор околу тоа и кога ќе бидеме убедени дека имаме предвидливост во процесот, кажа во вчерашната изјава Африм Гаши, претседател на Собранието на РС. Македонија.

Во меѓувреме, денеска од Европскиот фронт побараа оставка од претседателот на Собранието.

Продолжувајќи ја истата реторика како во изминатиот период, од ДУИ изразија револт и огорченост од Гаши.

Неговите изјави за статусот на албанскиот јазик ги нарекоа срамни и неодговорни, а него го прогласија за предавник на етничките албанци во земјава и го обвинија што рекол дека албанскиот јазик е „преведен“ јазик во Македонија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе