Вести Најважни Свет

Во постизборните насилства во Мозамбик загинаа 125 луѓе за три денови

Како резултат на насилството во изминатите три дена во Мозамбик, каде опозицијата протестира против прогласената победа на владејачката партија на изборите во октомври, според локална невладина организација, загинале 125 луѓе.

Во вторникот вечерта, владата соопшти дека 21 лице загинало во првите 24 часа од немирите во неколку големи градови во сиромашната јужноафриканска земја, откако во понеделникот беше потврдено дека владејачката партија Фрелимо победила на претседателските и на Националното собрание на изборите.

Но, Платформа ОДЛУЧИ, реномирана невладина организација чии податоци редовно ги користат Амнести интернешенел и други меѓународни невладини организации, објави за 125 жртви. Според невладината организација, бројот на жртви од почетокот на демонстрациите, по изборите на 9 октомври достигнаа 252 лица во земја која не била сведок на такво насилство од крајот на граѓанската војна, со исклучок на злосторствата извршени од вооружени џихадистички групи на северот на земјата.

Најмногу смртни случаи се регистрирани во регионот Мапуто, во северните провинции, особено во Нампула, каде што опозицијата е силна, и во регионот Беира (во централниот дел), вториот по големина град во земјата.

Во меѓувреме, шефот на националната полиција, Бернардино Рафаел, изјави дека најмалку 6.000 затвореници избегале од затворот со максимална безбедност во главниот град на Мозамбик.

Рафаел, исто така, рече дека 33 затвореници загинале, а други 15 се повредени во судирите со безбедносните сили.

Затворениците избегаа за време на насилните протести во кои беа уништени полициски автомобили, полициски станици и инфраструктура, откако Уставниот совет на земјата ја прогласи владејачката партија Фрелимо за победник на изборите на 9 октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Пеполасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

Илиевска: Ако во 2017 година не нè перцепирале нас независните, денес се фокусирани да направат сè да не успееме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе