Вести Македонија Најважни

Навредена од бугарските барања за уставни измени и од непринципиелниот однос на ЕУ кон Македонија – Годишно обраќање на претседателката Сиљановска Давкова

Gordana Siljanovska Davkova

Заложби за забрзување на евроинтеграциите, критики кон Европската Унија (ЕУ) за непринципиелниот однос кон Македонија и лекции по европско и меѓународно право. Ова беа главните пораки од Годишното обраќање на претседателката Гордана Силјановска Давкова пред пратениците.

Претседателката рече дека членството во ЕУ е врвен приоритет за земјата и оти Брисел е стратешка цел, но дека ни треба заслужена евалуација на постигнатото.

„Важно е да ја забрзаме евроинтеграцијата, но крајно време е да постапуваме уталитаристички, мерејќи ги придобивките и загубите од чекорите, антиципирајќи ги последиците од повторувањето на грешките со феноменот уште сега, уште еднаш, наново“, рече претседателката.

Таа рече дека е важно да се изгради консензус меѓу политичките чинители во земјава за националните интереси.

Во однос на бугарското вето, претседателката смета дека успеале да го сменат наративот на ЕУ кон Македонија и сè почесто се зборува за дебилатерализација на проширувањето, односно против едностраните блокади кои немаат врска со критериумите и реформите.

„ЕУ е реална или потенцијална жртва на едногласноста во несоодветните случаи и ситуации заради топење на кредибилитетот. Сепак за мене најголема жртва се вредностите и принципите на ЕУ без кои таа не е или не се перцепира како супериорна, вредносно втемелена заедница или како велиме ние полити“, рече претседателката.

Таа рече дека е навредена од бугарските барања за уставни измени. Смета дека тие се спротивни на европските критериуми, но како решение го повтори предлогот за уставни измени со одложено важење. На тој начин би добила и Бугарија, која би го добила бараното, но и Македонија, која ќе ги откочи интеграциите. Отворени се и за други креативни идеи за деблокада, но потсети дека Македонија 16 пати добила позитивно мислење од Европската комисија, но сè уште е заглавена во евроинтеграциите.

„Ако 16 пати во 16 извештаи Европскиот парламент и Европската комисија рекле „да“ за нас, а Европскиот совет рекол „не“, во прашање не е нашата неспособност, туку се работи за ЕУ демократски дефицит. Ако во 15 извештаи не бил нотиран никаков проблем со малцинство, а одеднаш, во 16-тиот се појавил проблемот со малцинството, проблемот е проблематичен“, оцени претседателката.

Во своето прво годишно обраќање пред пратениците, претседателката Силјановска Давкова зборуваше и за правото и правната држава, борбата против корупцијата, ја пофали армијата и зборуваше за потребата од поголема застапеност на жените во безбедносните структури.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе