Вести Македонија Најважни

Европскиот фронт држи стража за јазикот пред Уставниот суд

Бројни членови и симпатизери на Европскиот фронт вечерва се собраа пред Уставниот суд. Најавуваат дека тука ќе останат дено-ноќно до среда, кога судиите треба да расправаат за Законот за јазиците.

Адеми ги повика сите етнички заедници да му се придружат на Европскиот фронт во иницијативата Стража за јазикот. Се сомневаат дека се подготвува укинување на овој закон, но и на придобивките од Охридскиот мировен договор, кој за нив е гаранција за еднаквост и праведност. Тоа, според ДУИ, ќе значи дека од мултиетничка, Македонија ќе стане моноетничка држава, според планот на ВМРО-ДПМНЕ. Почнал да се реализира со претходната одлука на Судот за укинување на етничкото изјаснување во матичната евиденција. 

Одлуката на Европскиот фронт беше поздравена со гласно скандирање. 

Премиерот Мицкоски не очекува на 11-ти декември Уставниот суд да донесе одлука. Се сомнева дека намерата на ДУИ е да создава поделби по етничка основа.

„Во среда нема ништо да се случи затоа што има процедури, подготвителни седници итн. Но тие повторно ги злоупотребуваат Албанците но и Македонците, ги малтретираат и останатите со обиди за поделби и да привлечат внимание. Ги молам сите граѓани, и Македонци и Албанци и сите –  да бидат спокојни. Ова е изолирана група на поранешни високи владини функционери за кои постојат основани сомненија за сторен огромен криминал“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Законот за јазиците беше оспорен пред Уставниот суд со 12 иницијативи уште пред пет години. Меѓу иницијаторите се ВМРО-ДПМНЕ, Левица, организации, адвокати, професори… Се оспорува законот во целина, процедурата на донесување и објавување, како и службената употреба на албанскиот јазик. Двајцата судии Албанци најавија дека нема да присуствуваат.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарите ја затворија скопската обиколница за сообраќај

Дејан Дејан

Маж пронајден починат во близина на пожар во с. Лозаново

Дејан Дејан

Доктор Чибишев со совет: Барем маски да користат оние кои учествуваат во гаснење на пожарите, мокрите крпи не помагаат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе