Останато Спорт

Одбојкарките на Работнички го завршија настапот во ЦЕВ Купот со втор пораз од Алба Блај

Женскиот одбојкарски тим на Работнички ги заврши европските настапи сезонава и тоа во првата елиминациска рунда во ЦЕВ Купот. Нашите шампионки денеска беа поразени и на домашен терен од тимот на Алба Блај од Романија.

Гостинките во арената „Борис Трајковски“ денеска славеа во три сета со 14-25, 11-25 и 11-25. И на првиот натпревар во Романија, Работнички загуби со максимални 3-0. Антонија Баталаковска со шест поени беше прв поентер, додека Ирма Ѓурѓевиќ и Андротеа Милевска постигнаа по четири поени.

За потсетување, Работнички сезонава на меѓународната сцена дебитираше во Лигата на шампиони на ЦЕВ, каде беше елиминиран од уште еден романски тим Волунтари, па продолжи да игра во ЦЕВ Купот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе