Останато Спорт

Барселона и официјално домаќин на решавачката трка за титулата во Мото ГП

Патеката „Каталуња“ во Барселона ќе биде последната сезонска трка во Мото ГП шампионатот на која ќе се реши шампионот за 2024 година. Финалето првично требаше да се одржи во Валенсија, но поради катастрофалните поплави минатата недела кои однесоа многу животи, трката беше откажана.

Челниците на Мото ГП уште во неделата најавија дека Барселона е најреална опција да биде домаќин на последната сезонска трка, а денеска дојде официјалната потврда. Оваа патека е најпогодна за навивачите кои веќе планирале да бидат во Валенсија да ја следат завршницата. Спринт трката ќе биде на 16-ти ноември, а главната трка е следниот ден.

Хорхе Мартин и Франческо Бањаја водат тесна битка за титулата. Мартин моментално има 485 бодови или 24 повеќе од Италијанецот и актуелен светски првак. Во Барселона во игра се вкупно 37 бодови, односно 12 се добиваат за победа на спринтот, а 25 за триумф на главната трка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Почина легендарниот кошаркарски коментатор Един Авдиќ

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе