Останато Спорт

„Д Стронгест“ со осум златни медали од АДЦЦ Јужноевропскиот шампионат во Белград

Најуспешниот македонски клуб „Д Стронгест“ се закити со вкупно 13 медали на АДЦЦ Јужноевропскиот шампионат што се одржа во Белград, Србија во текот на вчерашниот ден.

На ова првенство во „борење со предавање“ (submission grappling) нашиот клуб настапи со вкупно  12 натпреварувачи, кои се закитија со осум златни, еден сребрен и четири бронзени медали.

Златни медали во детска категорија освоија, Антонио Трајковски, Томи Блажевски, Иван Сапунџиев и Алек Костов. Во јуниорска категорија Даниела Алексовска освои злато и ја победи светската АДЦЦ вицешампионка, а златно одличје освои и Марко Трајановски.

Во сениорска категорија на главниот настан, уште едно злато освои Даниела Алексовска, како и Стефан Пецевски.

Покрај нив сребро освои Лука Стојановски, а бронзени медали освоија Леонид Димовски, Горазд Василевски, Стефан Митров и Петра Џатевски.

“Д Стронгест” освои два пехари за трето место во детска и сениорска категорија.

Тимот составен од тренерите Алексовски Ивица и Стефан Пецевски и единствениот македонски натпреварувач, Даниела Алексовска сега патува за Узбекистан каде што ќе биде дел од Светското IMMAF Првенство.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Никс направија „брејк“ против Сан Антонио на стартот на финалето (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе