Вести Македонија Топ вести

Дваесет и двајца економски директори со мандат ги одбројуваат последните денови во фотелја – по законските измени, нема да можат да тужат

Повеќе од дваесет организациски директори на јавните здравствени установи низ целата држава ги бројат последните денови во фотелјата.

Предлог-измените на Законот за здравствена заштита поминаа на Влада и испратени се во Собрание, пред да го поминат и последниот филтер. Со измените, институцијата економски директор ќе биде укината.

Од Министерството за здравство, за Телма, брифираат дека за разрешување на директорите кои имаат менаџерски договор се чекаат законските измени поради тоа што ако тие бидат разрешени во моментов и согласно постоечкиот Закон, тогаш можат да тужат.

Со измените, нема да имаат основ за тужби.

„Во моментот има 22-ца организациски директори (со мандат) и 5 в.д. организациски директори на јавните здравствени установи“, велат од Министерството за здравство.

Намалување на функционерите во здравството, стоп за дуализмот и лоцирање на одговорноста, но и намалување на трошоците за директорски плати. На ова се темели отстранувањето на позицијата организациски директор од здравствените установи, велат од Владата, а најавуваат и уште покрупни промени во функционирањето на Клиничкиот центар.

Од Здравство, пак, информираат дека досега оставки имаат поднесено 13 медицински директори, со мандат.

„Досега некако се префрлуваше одговорноста од еден на друг, немаше јасна хиерархија, немаше јасна вертикална субординација. Организацискиот директор едно, медицинскиот директор друго. Тука нема да застанеме, продолжува реформата и таа е интензивна. Ќе имаме обединување на Клиничкиот центар, односно клиниките во рамките на Клинички во една институција, односно правно лице. И понатаму продолжуваме со регионализацијата и локалниот пристап на здравствениот систем“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија.

Министерот за здравство на првиот работен ден на функцијата ги потпиша решенијата за разрешување на дел од економските директори кои беа вршители на должност, а не со мандат.

„До средината на јули сите ќе бидат разрешени“, кажа тогаш министерот Таравари.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе