Балкан Вести Свет

Градоначалник на Хрватски град претепал војник

Синиша Јенкач, Градоначалникот на општината Нов Мароф во Хрватска во ноќта сабота на недела претепал војник на хрватските вооружени сили по што избегал пред полицијата да интервенира, објави порталот индекс.хр.

Полицијата го води случајот како физичка пресметка во која со телесни повреди се здобил 52-годишниот војник. Јенкач инаку е член на владеачката партија ХДЗ и поранешен пратеник во хрватскиот парламент-Сабор.

Градоначалникот Синиша Јенкач за хрватските медиуми потврдил дека учествувал во физичка пресметка и дека жали за немилиот настан. Познат е и како активен каратист и тренер по карате.

На политичарот му е поднесена пријава за обид на кривично дело „нанесување на тешка телесна повреда“.

Гратчето Нов Мароф се наоѓа на 50-тина километри северно од Загреб, во близина на Вараждин. Има околу 11.700 жители и градоначалник-каратист кој се тепа по кафеани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фекалии лебдат на површината на велешко езеро, испитувањата покажале дека водата не е за капење, но е за наводнување

Sonja Petrusevska

Здравствените власти не кажуваат што покажале анализите на водата во Гостивар – за микробиологот Пановски изговорите се небулозни

Sonja Petrusevska

Струмичката котлина покриена со густ чад, втор ден гори депонијата Шапкар

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе