Џанмарко Тамбери беше првата ѕвезда на претпоследниот ден од Европското првенство во атлетика.
Омилениот Џимбо како го викаат Италијанците на Олимпискиот стадион го освои третото злато на континенталните шампионати или вкупно седмо на големите натпреварувања.
Тамбери прескокна 237 сантиметри што е нов рекорд на првенствата и најдобар резултат на светот во досегашниот тек од сезоната.
Тамбери на Олимпико се појави со својот добро познат стил со половина брада на лицето кој е негов заштитен знак секогаш му носи среќа на натпреварувањата.
На крајот тој златото го прослави со своите навивачи со семејството, а радоста ја подели и со италијанскиот претседател Серџо Матарела кој беше на трибините на Олимпискиот стадион.
ФОТО: Игор Паневски