Вести Македонија Топ вести

Кацарска по неколкуте напади: Не се чувствувам безбедно- Обвинителството го истражува последниот напад, а осомничениот имал и „ФБ листа за одговорност“

Кацарска по неколкуте закани: ,,Не се чувствувам безбедно, но не се плашам од ништо.” Обвинителството истражува за последниот напад, чиј осомничен на социјалната мрежа Фeјсбук  поставил постизборна „листа за одговорност“.

,,Не се чувствувам безбедно, но не се плашам од никого и од ништо”, одговори Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, на прашањата на Телма за серијата напади против неа. Во одговорот таа порача дека настаните се евидентирани, по претходно направени бебзедносни проценки.

,,Со оглед на зачестеноста на некои настани ќе кажам дека не се чувствувам безбедно, но ќе порачам дека не се плашам од никого и од ништо затоа што зад мене имам 37 години чесна и професионална работа, како судија во Кривичниот и во Уставниот суд. За конкретните случаи оставам на надлежните да ја вршат својата работа. За вашето прашање околу политички притисок нема да коментирам, но сметам дека секој треба со голема одговорност да ја сфаќа својата улога во општеството и да се внимава каков наратив наметнува во јавноста”, изјави Добрила Кацарска, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УСТАВНИОТ СУД.

Обвинителството го работи случајот со новиот напад врз претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска кој викендот се случи во мол во центарот на Скопје кога 57-годишен маж викал, се заканувал и на крај со нога се качил на сепарето каде седела Кацарска со уште една жена. Обезбедувањето реагирало и го легитимирало, насилниот маж од Богданци потоа завршил во полициска станица , а по првичната информација од МВР дека станува збор за пријава за дело загрозување на сигурност, денеска велат дека се е во рацете на обвинителството.

Случајот е во надлежност на Јавното обвинителство. За настанот е постапувано согласно наредбите на Јавното обвинителство.

Од Обвинителството не даваат детали, туку известија дека надлежниот јавен обвинител постапува и дека се издадени насоки за постапување до МВР. За неколку дена ова е втор случај во кој жртва на закани е претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска откако минатата среда пред нејзино паркинг место во подземна гаража беа откриени чаршаф, заглавје од кревет и нож забиен во прекинувач за светло. 57-годишниот маж од Богданци се бранел дека не се заканувал туку упатил пораки за одговорност кон судијката. Тој ден после избори на ФБ профилот напишал и дека следува време за одговорност каде меѓу неколку имиња се наоѓа и Кацарска. Од обвинителството не откриваат дали и оваа „ФБ листа“ на пријавениот е дел од сегашната истрага.

Последниот напаѓач пријавениот за напад врз неа се „шетал“ на самитот на Македонија 2025 година, за да се слика со омилени политичари, а и на ФБ објавил листа за одговорност

МВР два дена постапува по насоките на обвинител за конкретниот случај. Случајот е во надлежност на Јавното обвинителство. За настанот е постапувано согласно наредбите на Јавното обвинителство.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе