Вести Македонија Најважни

Мицкоски на пат до мнозинство од 65 пратеници?!

Мицкоски е на пат да формира мнозинство од 65 пратеници, дознава „Телма“ од партиски извори. Петмина од новите пратеници кои добија мандат на пратенички листи од партии и коалиции кои ќе одат во опозиција, изразиле подготвеност да ја поддржат политиката на новата влада, додека двајца сè уште размислуваат за оваа можност.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за плановите за состав на новата влада денеска разговараше и со претседателите на партиите од Коалицијата „Твоја Македонија“, кои ги покани на средба во партијата.

Преговарачките тимови на ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ утре ќе ја имаат првата средба, но поконкретните преговори ќе ги почнат од следната недела. Засега нема најави за преговори со ЗНАМ и со „Левица“, иако не се исклучува ниту таа можност.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тинејџер се шетал со пиштол „Валтер“ во Скопје, полицијата го фати

Kristina Kuzmanovski

Вреди и ДУИ во клинч за Закон за правична застапеност

Kristina Kuzmanovski

Се обидел да раздели тепачка, насилниците го избоделе со нож

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе