Вести Македонија Топ вести

Бојмацалиев: Треба да имаме фер однос спрема сите граѓани и да не одиме по друг редослед за повикување порано за фотографирање

Еден месец откако невладини организации повикаа на тужби против државата и адвокати се обратија до Уставен, од судот порачуваат – откако ќе бидат доставени рефератите, ќе се стават и на седница.

Претседателката на Судот, Добрила Кацарска, вели дека е несериозно однапред да ги коментира иницијативите.

Во средината на февруари, адвокатот Глигор Ќатоски во изјава за Телма изјави дека поднел барање до Уставен, за заштита на слободите и правата.

Државата до пред две години издаваше лични документи со старото уставно име иако Преспанскиот договор повеќе од пет години е на сила, а МВР знаело или требало да знае дека документите треба да ги издаде со новото име, порача тогаш адвокат Ќатоски.

„Пред сѐ, јас не ги работам тие предмети. Предметите се поделени кај судии коишто работат заедно со тим од советници на Судот. Откако ќе бидат доставени тие реферати, јас ќе ги ставам на седница. Дури на седница јас го искажувам мојот став. Дали ова со пасошите влегува во наша надлежност или не, тоа ќе се произнесеме на самата седница“ изјави Добрила Кацарска, претседателка на Уставниот суд на РС. Македонија.

Во меѓувреме, процесот на промена на личните документи сѐ уште е во тек.

Во другите градови процесот е при крај, а најголемиот проблем е во Скопје. Дополнителниот заменик министер за внатрешни, вчера информираше дека за околу 44.000 пасоши во главниот град луѓето се фотографирале, но истите не се ставени на печатење и со тоа се пробива законскиот рок.

Денес, Митко Бојмацалиев го посети Секторот за внатрешни работи – Битола. Запрашан, дали МВР постапи неправедно со тоа што порано за сликање ги повикува луѓето со термин од мај па натаму, а ги остави да чекаат оние со термини во април, одговара:

„Видете, тоа е во организација на кабинетот на министерот. Јас повеќепати сум разговарал дека треба да имаме фер однос спрема сите граѓани и да не одиме по друг редослед. Но, сепак тоа е одлука на министерот и така ја спреведе call-центарот, кој не е во склоп на МВР туку е избран преку тендерска постапка“, вели Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи.

Претходно, техничкиот министер Тошковски посочи дека МВР ќе ги прочистува списоците со термини на три недели.

Сите коишто имаат термини кон крајот на годината, ќе бидат повикани порано, откако службите направиле пресек од месец мај.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Село Света Петка без струја – ЕВН соопшти „дивите приклучоци доведоа до пад на мрежата“

Дејан Дејан

Глобалната слободна трговија е во „криза“

Дејан Дејан

Виткоф: Статусот на украинските територии под руска контрола би биле главна тема на преговорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе