Вести Најважни Свет

(видео) Израелската армија преку видео тврди дека Хамас држи заложници во болницата Рантиси

Израелската војска објави видео од, како што вели, внатрешноста на детската болница Рантиси во која нејзините сили влегле во текот на викендот.

На видеото прикажано е оружје за кое се тврди дека е пронајдено внатре во просториите на болницата, како и соби во подрумот каде што се верува дека милитантите држеле некои од 240-те заложници што ги киднапирале за време на нападот од 7ми октомври. Болницата остана без гориво минатата недела, а Израел им нареди на луѓето да си заминат додека спроведува копнена операција против милитантите на Хамас. Градот Газа, најголемата урбана област на територијата, е во фокусот на кампањата на Израел во насока да го уништи Хамас. Светот мора да разбере против кого се бори Израел порача портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе