Вести Македонија Најважни

Орхан Бајрами-Оки од кланот Дуќанџик е ликвидираниот во Ханиоти, потврдија за Телма полициски извори

Полициски извори за Телма потврдија за Телма дека убиениот македонски државјанин во Ханиоти е Орхан Бајрами викан Оки којшто е еден од лидерите на групата Дуќанџик во скопското криминално подземје.

Грчките полициски органи досега не ги известиле официлијално, а не се соопштени се уште имињата ниту во грчката јавност.

Вооружениот напад се случил утринава околу 3:30 часот кога двајца убијци со мотор стигнале до жртвите пред апартман во Ханиоти и ги застрелале.

Бајрами бил главната цел и починал на лице место. Уште едно лице е погодено, а во нападнатата група имало уште еден македонски државјанин.

Грчките медиуми објавуваат дека нападот личи на мафијашка заседа за расчистување на нерешени криминални односи и цитираат неофицијални полициски извори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владин заклучок без ефект, институциите и натаму со милионски долгови за струја и парно

Дејан Дејан

Петрушевски: Има ли срам Валбон Лимани, градоначалникот на Гостивар, кој вели дека не чувствува никаква морална одговорност

Sonja Petrusevska

Две недели молк кој конкурирал на милионскиот тендер за нови автобуси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе