Славната пејачка на соул, рок, фанк и поп музика, со огромни хитови како Д „Бест“ и „Што има љубовта со тоа“ , кои од неа направија една од најголемите музички ѕвезди на 20-тиот век, Тина Тарнер, почина денеска во 83-тата година од животот.
Во последните години од својот живот, Тина Тарнер, страдаше од бројни здравствени проблеми поврзани со канцерогено боледување, мозочен удар и откажување на бубрезите.
Нејзиниот подем кон врвот на ранг листите и славата започна уште во 60-тите година, во кои твореше со својот тогашен сопруг Ајк Тарнер, од кого заради физичкото и ментално малтретирање се разведе во 1978-та година и оствари уште поголеми успеси во својата соло кариера.
Наречена „кралица на рок енд ролот“, Тина Тарнер се прослави со своите жестоки и интензивни настапи во живо, како и впечатливиот глас.
Во текот на својата кариера, освои 8 Греми награди и во 2021-та година влезе во халата на славните на рок енд рол музиката, како соло изведувач, откако претходно заедно со Ајк, таа чест и беше доделена во 1991-та година.
Тина Тарнер 1985-тата година, глумеше и во филмот Лудиот Макс, како и во рок операта Томи, на британскиот бенд Д Ху.
Од бројните актуелни огромни музички ѕвезди, кои ја опишуваат како огромно влијание, се издвојуваат Бијонсе, Риана и Жанел Моне.