Вести Македонија Најважни

Приведени тројца Бугари на Деве Баир – се обиделе физички да се пресметаат со полицајците

Спуштена рампа и „стоп“ на граница. Системот за контрола на патни исправи затаи на „Деве Баир“, токму кога 150 бугарски државјани организирано се наредија со автомобилите за да влезат во Македонија. Заглавени и нервозни, оние кои сакаа да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев завршија во клинч со граничната полиција.

Епилогот е – тројца приведени за најпогрдни навреди упатени кон службениците и обид за физичка пресметка. Ова го потврдија од МВР, а бугарскиот министер за внатрешни со циничен тон најави донација за нашиот систем, за другпат да не се случуваат проблеми со системот за пасошка контрола.

Еден од оние кои не успеаја да влезат во Македонија е и лидерот на “Фондација Македонија” кој ги организира бугарските државјани да се поклонат пред гробот на Делчев. Тој самоиницијативно си замина од границата кога стана јасно дека многу ќе се чека за влез во Македонија. Други кои чекаа – дочекаа да се крене рампата, но веќе беше доцна па веднаш се вратија во Бугарија.

Министерот за внатрешни на Бугарија, потврди дека 14 лица биле на списокот на оние со забрана за присуство на чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на револуционерот. На Ангел Џамбаски и на Костадин Костадинов, кои деновиве беа и најгласните провокатори, министерот рече дека личмо им кажал да не доаѓаат. Џамбаски остана во Благоевград од каде ги критикуваше драконските мерки за влез, а ги повика  Бугарите да го слават Делчев на други локации како што е Грција пред спомениците на македонскиот револуционер, но и во Бугарија.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе