Вести Македонија Најважни

Кривичен пресуди – 20 години затвор за таткото кој со клоци и боксови усмрти тримесечно бебе

Дваесет години затвор доби скопјанецот Суад Бајрам (45) кој беше обвинет дека го уби тримесечното бебе кое почина како последица на добиените повреди и крварење во мозокот.  Прогласен е за виновен за делото „убиство при вршење на семејно насилство“, откако призна вина, жалење и каење пред судиите во Основниот Кривичен суд Скопје, пренесува мкд.мк.

Притоа, како што објави порталот, негодуваше на висината на казната, бидејќи, како што истакнал, „сега нема кој да се грижи за останатите три малолетни деца“. Мислел оти ќе добие помала казна од, барем 15 години.

Обвинителката Марија Демирова Панајотова побара продолжување на мерката притвор до правосилност на пресудата, што беше прифатено од судот. Дотогаш се враќа во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

Oсновното јавно обвинителство Скопје лани, во септември донесе наредба за спроведување на истражна постапка против таткото кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – убиство од член 123, став 2, точка 2 од Кривичниот законик, според кој е предвидено најмалку десет години, а најмногу доживотен затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе