Вести Македонија Најважни

Керемедчиев: Со сигурност ќе има провокации и судири од двете страни на границата при чествувањата на Гоце Делчев

Северна Македонија нема да стане членка на Европската Унија во наредните 10 до 15 години, прогнозира поранешниот заменик-министер за надворешни работи на Бугарија, Милен Керемедчиев за БНТ. По повод претстојните чествувања на 151-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, тој додаде оти очекува да има судири, и покрај обидите за надминување на тензиите од двете страни, но прашање е, како што вели, колку ќе може да се координираат и намалат.

„Да, дефинитивно очекувам судири, затоа што гледам со какво расположение тргнуваат одредени политички партии и нивни симпатизери кон Северна Македонија. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ подготвува нејзини симпатизери за сериозни судири, препреки, блокади, итн. Бугарија е во предизборна ситуација. Две од политичките сили прават сè што е можно за да го подигнат својот рејтинг – едната за враќање во парламентот, другата да го подобри својот резултат во парламентот“, вели Керемедчиев за бтвновините.бг.

Според него, провокации ќе има, и покрај мисијата на министерствата за внатрешни работи од двете страни на границата, во насока на надминување на тензиите и начинот на кој ќе се чествува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

„На границата, според мене, со сигурност ќе има провокации и судири од двете страни. Тоа е посакувано од двете страни, особено на организирани симпатизери од две политички сили“, смета Керемедчиев.

Изјавата на двајцата министри за внатрешни работи по состанокот во Скопје за Керемедчиев е присилена.

„Тие кажаа „нема да дозволиме судири“. Според мене, нема како да се блокира цел град или цела рута од од граница до местото на одбележување на годишнината. Бугарија можеби ќе направи некаква селекција на граничниот пункт, како што најавија и македонските власти дека ќе запираат одредени лица или европратеници“, вели Керемедчиев.

Тој не верува дека македонските власти ќе го запрат Ангел Џамбаски.

„Не верувам дека ќе направат такво нешто. Прво, бидејќи Северна Македонија потпиша договор со Европската Унија за сите нејзини граѓани слободно да ги минуваат границите со нашиот западен сосед. Што се однесува до европратениците, тие, сепак, имаат имунитет на кој може да повикаат“, истакна Керемедчиев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе