Вести Најважни Свет

(Видео) Ледена бура во САД – откажани над 1.700 летови, повици за сообраќајки на секои три минути во Тексас

Невреме, проследено со ледена бура, вчера парализира поголем дел од САД, предизвикувајќи откажување на повеќе од 1.700 летови низ земјата, запирање на сообраќајот на меѓудржавниот автопат низ Арканзас и сериозни сообраќајни несреќи во Тексас, сојузна држава што не е навикната на мраз.

Додека ледената бура вчера се движеше кон исток, од западен Тексас сè до западна Вирџинија беа издадени предупредувања за опасност од невреме. И во текот на денешниот ден се очекуваат неколку серии на мешани врнежи, вклучувајќи и замрзнат дожд и лапавица, што значи дека некои региони би можеле да бидат погодени од невремето повеќе пати предупреди Федералната метеоролошка служба.

Повеќе сообраќајни несреќи беа пријавени во Остин, Тексас, со најмалку една жртва, регистрира противпожарната служба во Остин. Во округот Тревис, Тексас, кој го опфаќа Остин, полицијата на секои три минути добивала повици за несреќи, соопштија локалните власти.

Само вчераутро во Тексас биле пријавени околу 7.000 прекини на електричната енергија,а тоа се должело на мраз на далноводите или соборени дрвја.

Во Арканзас, републиканската гувернерка Сара Хакаби Сандерс вчера прогласи вонредна состојба поради ледената бура и кажа дека лошите услови на патиштата ја запреле утринската испорака на намирници до продавниците.

Училиштата и колеџите во Тексас, Оклахома и Арканзас најавија дека ќе бидат затворени, а наставата ќе се изведува онлајн.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе