Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари пристига со тимот преговарачи во владата, а очекуваниот исход од денешната средба е да им подаде рака на СДСМ, ДУИ и Алтернатива. Тој ги вложува осутеммината пратеници доколку во иднина се обезбеди двотретинско мнозинство за уставни измени, со кои Бугарите би влегле во Уставот. Но, прашањето е со што тој и партијата ќе си заминат од владата ако падне договор.
Според партиски извори на Телма, Министерствата за здравство и за правда се ресорите кои ги посакува Алијансата за Албанците доколку се постигне договор партијата да стане нов коалициски партнер во владата. Договорот со Алијанса за ресорите најверојатно ќе предизвика и рокади во министерствата кои сега ги држат СДСМ и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ деновиве реагира дека евентуалниот влез на Алијанса во владата е пазар за ресори. Ова не се прави за никакви уставни измени или уставно мнозинство, затоа што сите знаат дека уставно мнозинство од 80 пратеници нема, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не поддржува и нема да поддржи во овој парламентарен состав уставни измени.
