Македонските Бугари во Брисел ќе му се пожалат на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, дека секојдневното се стигматизирани во Македонија и не можеле да воспостават дијалог со локалните и националните власти во земјава. Тие, како што пренесуваат бугарските медиуми, добиле позитивен одговори од Вархеји да се сретне со нив, на официјалното барањето да се видат со него кое му го упатиле пред речиси два месеци, поточно на 2 декември 2022 година.
Иако не се окрива датумот кога делегација на македонските Бугари ќе разговара со еврокомесарот Вархеи бугарските медиуми објавуваат делови од писмото со кое тие во декември ја побарале средбата.
Искрено се надеваме дека дијалогот со вас ќе придонесе за намалување на секојдневниот притисок врз нас – граѓаните на Република Северна Македонија кои не се плашат, и покрај ризикот од дискриминација и говор на омраза, отворено да го бранат своето македонско-бугарско наследство и идентитет, се вели во писмото на македонските Бугари до Оливер Вархеи.
Средбата на македонските Бугари со Вархеи денеска ја коментираше вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, според кого секој што мисли дека треба да има средба со еврокомесарот за да ги дообјасни своите аргументи треба да го направи тоа.
Инаку позитивниот одговор на Вархеи на барањето на македонските Бугари за средба, случајно или не, коинцидара со зголемувањето на тензиите меѓу двете земји по навредите кои ги упати европратеникот, Ангел Џамбаски и политичарот, Костадин Костадинов, кон Македонците и македонската држава од центарот на Скопје и претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, по што Софија го врати својот амбасадор во земјава во Бугарија.
Тамара Грнчароска
