Вести Македонија Најважни

(Видео) ЦУК: Состојбата на Вардар кај Зелениково е стабилна

Состојбата на реката Вардар е кај скопското село Зелениково е стабилна и нема опасност од излевање на водата кон куќите, изјави за Телма, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, кој утринава разговаррал со градоначалникот на ова село.

Од ЦУК информираат дека во општина Зелениково, се уште има излеана вода надвор од коритото на Вардар од 15 до 20 метри на земјоделско земјиште во близина на река.

  • Со тоа што во текот на ноќта немаше врнежи од дожд и имаше намалено контролирано и оптимално производство на електрична енергија, а со што помало испуштање на водата од браните „Козјак“ и „Матка“, водата на Вардар во еден дел се има и повлечено и поплавниот наплив – „бран“ е избегнат во Зелениково и во Велешко, велат од ЦУК.

Оценуваат дека опасноста од поплави во земјава се уште не е надмината и оти состојбата треба да се следи од дежурните институции во општините заради тоа што Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од снег.

Инаку вчера ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак со цел намалување на нивото на реката Вардар откако реката почнала да се излева кај Зеленикови, а нивото на водата во централното градско подрачке во Велес пораснало за половина метар.

Намалувањето на производството, во дел од хидроелектраните на АД ЕСМ нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија, соопшти компанијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе