Состојбата на реката Вардар е кај скопското село Зелениково е стабилна и нема опасност од излевање на водата кон куќите, изјави за Телма, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, кој утринава разговаррал со градоначалникот на ова село.
Од ЦУК информираат дека во општина Зелениково, се уште има излеана вода надвор од коритото на Вардар од 15 до 20 метри на земјоделско земјиште во близина на река.
- Со тоа што во текот на ноќта немаше врнежи од дожд и имаше намалено контролирано и оптимално производство на електрична енергија, а со што помало испуштање на водата од браните „Козјак“ и „Матка“, водата на Вардар во еден дел се има и повлечено и поплавниот наплив – „бран“ е избегнат во Зелениково и во Велешко, велат од ЦУК.
Оценуваат дека опасноста од поплави во земјава се уште не е надмината и оти состојбата треба да се следи од дежурните институции во општините заради тоа што Управата за хидрометеоролошки работи најавува врнежи од снег.
Инаку вчера ЕСМ ја исклучи ХЕЦ Св. Петка и го стави на минимум производството во ХЕЦ Козјак со цел намалување на нивото на реката Вардар откако реката почнала да се излева кај Зеленикови, а нивото на водата во централното градско подрачке во Велес пораснало за половина метар.
Намалувањето на производството, во дел од хидроелектраните на АД ЕСМ нема да влијае на снабдувањето со електрична енергија, соопшти компанијата.
