Вести Македонија Најважни

Меѓу коњите и лажните документи: Онишченко ги негира тезите на владата, опозицијата обвинува дека е човек на Путин со македонски пасош

Контроверзниот Украинец тврди дека предал чисти и валидни документи без направена грешка во процедурата за добивање државјанство, откако вчера владата го активираше членот 14 за да му го одземе македонското државјанство и пасошот. До Олександр Онишченко тешко се стасува, на телефон не одговораше, но на ватсап конечно крена и по кратка конверзација затвори.

Сепак, на писмените прашања на ватсап комуникацијата ни одговори веднаш. Владата почна постапка за поништување на неговото државјанство поради користење невистинити и неточни информации или лажни документи, но тој негира и тврди дека станува збор за спортска операција, без никакво руско влијание.

„Не сум направил никакви грешки и предадов точни и исправни документи. Еден од македонските јавачи ме убеди да настапувам за Македонија за да помогнам на националниот тим. Имам две државјанства, но последните две години се натпреварував за Русија. Не гледам никаков проблем со тоа. За тимот на Украина досега сум се квалификувал четири пати на Олимпијада. Сето ова е за спортот и не ми треба ништо друго“, изјави Олександр Онишченко, македонски државјанин и лице на црна листа на САД, за Телма.

На нашето прашање дали платил некому за државјанството, првин возврати со контра прашање, „за што да платам“, па на наше појаснување за сомнежите во јавноста одговори дека не плаќал.

„Не сум морал да платам никому. Федерацијата побара помош за да организирам тим за Олимпијадата. Тие мора да ми платат за што ја претставувам Македонија и може да направм тимски успех“, додаде Онишченко.

Онишченко за Телма не одговори конкретно за сомнежите во јавноста поврзани со мито за државјанството. Но, веќе владата одлучи МВР да му го одземе решението за државјанство поради сомнежи за лажни документи или невистините информации. Во кривичниот законик има две дела кои одговараат на овој опис, и за двете е предвидено од парична казна до три години затвор. Но, ниту МВР, ниту обвинителството засега нема истрага против Онишченко.

Премиерот, повикувајќи се на затворена седница, не сподели никакви други информации за постапката поради доверливост на информациите. Најави дека за 20 дена ќе се избере нов директор на местото на Виктор Димовски. Ист одговор даде и на новинарско прашање и на пратеничко прашање, по што доби контра од Милошоски.

Милошоски тврди и дека Онишченко имал директно познанство со Заев за да тргува со гас по Македонија. Телма веќе објави дека украинецот имал намера да се занимава со тој бизнис и дека процедурата за неговото државјанство била забрзана оваа година во мај кога беа воведени санкциите за руски гас. На Онишченко му го поставивме и ова прашање, но не одговори за бизнис плановите, со тврдење дека Македонија му е спортска дестинација.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран

Kristina Kuzmanovski

Трамп: Со Иран може да се постигне договор во текот на викендов

Kristina Kuzmanovski

На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе