Uncategorized Вести Свет

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Иран издаде ново предупредување до Бугарија откако  САД повторно ги користеа нејзините воени бази, со што дополнително ескалираа дипломатските тензии меѓу Техеран и Софија.

„ Бугарија мора да  сноси одговорност за опасната одлука за стационирање на американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, соопшти Еуроњуз.

 

Ова е трето вакво предупредување од Техеран кое доаѓа  само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер на социјалната мрежа „Truth Social“, за тоа што Бугарија го одобри распоредувањето на американски авиони танкери во воздухопловната база Безмер.

Во кратка објава на неговата платформа за социјални медиуми Truth Social, Трамп напиша: „Ви благодарам премиере Радев!“ Пораката беше придружена со споделена статија во која се наведува дека Бугарија ги поддржала САД и покрај заканите од Иран.

Народното собрание на Бугарија на 22 јули го одобри предлогот на Советот на министри за  распоредување на американски авиони танкери и друга опрема во воздухопловната база Безмер.

Пратениците ја одобрија мерката со 135 гласа „за“, 13 „против“ и два воздржани, по официјално барање поднесено од САД.  Според бугарската влада, распоредувањето има за цел да обезбеди воздушно полнење гориво и логистичка поддршка за американските операции на Блискиот Исток и не вклучува започнување борбени операции од бугарска територија.

Бугарските медиуми денеска објавија дека премиерот Румен Радев имал заедничка средба со министрите за внатрешни работи, за одбрана, директорите на Агенцијата за државна безбедност, на Државната разузнавачка агенција, на Воената разузнавачка служба, заменик-командантот на воздухопловните сили.

Претставниците на безбедносните служби нагласиле дека нема директна закана за безбедноста на Бугарија, бидејќи одговорните институции се во постојан контакт со своите партнери во регионот и во  НАТО за навремено предупредување во случај на ескалација на воените дејствија во регионот на Блискиот Исток и во Украина.

Преземени се мерки за зајакнување на безбедноста на воената база во  Безмер, воздушниот простор на земјата и за гарантирање на безбедноста на граѓаните, соопштија бугарските власти.

Бугарија одобри американски авиони танкери на своја територија за операции на Блискиот Исток – Техеран веднаш ја предупреди Софија

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

(Видео) Стоиљковиќ: „КУД Српски вез“ осамна со натписи УЧК, државата сторителот најстрого да го снакционира

Kristina Kuzmanovski

Гостивар нека биде за памет, со здравјето и безбедноста на граѓаните нема играње – Тошковски со порака до одговорните во општините и директорите на јавни претпријатија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе