Постојано бевме на терен во Општина Гостивар овие денови, земавме примероци од шест локации во градот од краен потрошувач и во сите примероци три дена последователно е забележани отсуство на колиформни бактерии, изјави Емилија Аневска, раководителка на Сектор за санитарна контрола во ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.
„Поради хлорирањето со поголема концентрација од вообичаеното, кај примероците не е констатирано присуство на трихалометани над дозволените граници. Резултатите се доставени до Кризниот штаб и до Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежен орган. Водата може да се користи за техничка употреба, но граѓаните да не ја користат за пиење и готвење“, порача Аневска.
Таа најави зголемување на мерните места во Општина Гостивар во наредните денови и изрази надеж дека со континуиран мониторинг, водата во Гостивар во наредните денови ќе може да биде и за пиење.
С.Д.
