Струмичанец е притворен откако за неколку часа часа опожарил трактор, а потоа и возило на негови сограѓани.
Походот го започнал ноќта околу 22:00 часот на 25.07.2026 кога подметнал пожар на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица. По неколку часа, на 26.07.2026 околу 01:00 часот подметанл пожар и на патничко возило „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица.
По интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица пожарите се изгаснати, а повредени лица нема.
За подметнување на пожарите осомничен е 41 годишниот В.К.од Струмица кој ќе одговора за кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „тешки дела против општата сигурност“. Тој бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
