Водата во Гостивар, конечно, може да се користи како техничка вода, соопшти министерот за внатрешни работи и ракободител на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, Панче Тошковски.
„Имаме добра вест која што сакаме да ја соопштиме особено за гостиварци. По повеќекратни испитувања на квалитетот на водата во последните неколку дена, анализите покажуваат дека водата во Општина Гостивар, конечно, може да се користи како техничка вода. Истата ќе може да се користи за бањање и сите останати работи во домаќинството, но не и за пиење, ниту за подготвување на храна“, изјави Тошковски.
Тој додаде дека ќе се продолжи со обезбедување на флаширана вода за пиење на гостиварци.
С.Д.
